Осудениот за напад на Села кој од тепање се распаѓаше во болница Филипче го спасува од смрт

Во телефонски разговор за МКД.мк од Кабенетот на министерот потврдуваат дека комплетно се запознати со случајот и дека во договор со семејството пациентот ќе биде префрлен во Геронтолошкиот завод во Скопје.

„Го посетивме пациентот и она што може да го кажеме е дека тој е навистина во тешка состојба која бара да се префрли во друг оддел, а не на Клиниката за Трауматологија. Утврдено е дека додека се наоѓа на овој оддел, лекарите соодветно го третирале и дека никогаш не била одбиена работна задача од страна на персоналот. По консултација со вработените лица, како и со семејството договорено е пациентот да се префрли во Геронтолошкиот завод каде би ја добивал нега и третман што се соодветни за неговата здравствена состојба“, велат од Кабинетот на министерот Филипче.

Стојан Павлески, обвинетиот за тепањето на Зијадин Села 4 месеци се наоѓа на  Клиниката за трауматологија во Скопје по тешките повреди добиени од ќотек, по што, како што тврди неговото семејство, бил фрлен на улица.

Му се судеше за убиство во обид на Села за настаните во Собранието, по што врз основа на снимка која беше дел од доказите кривичното дело за него беше преквалификувано во насилство. Тој пред судот го призна делото и рече дека го нападнал Села во момент на агресија, по што беше осуден на условна казна.

извор: MKD.MK

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Момчето на прегазената девојка во Скопје: “Го извикував нејзиното име, но таа не реагираше- се надевав дека не е најлошото”

Четврток, 20 јануари. Додека Леонид бил на работа, неговата девојка Викторија, учела за постдипломските студии. Попладнето, заедно го подготвиле омиленото…