Осум години казна затвор за екс хрватскиот премиер Иво Санадер

Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер доби осум години затворска казна за извлекување пари од маркетинг компанијата „Фими“ медиа.

Во овој случај, неговата партија „ХДЗ“ беше прогласена за одговорна за корупција.

Во пресудата, се наведува дека Санадер, поранешен премиер и претседател на „ХДЗ“, со неговите соработници Баришиќ и Павошевиќ, организирал група луѓе да извршат противзаконски активности. Во периодот од 2005 до 2009 година, Санадер за да добие имотна корист и наредил на Бранка Павошевиќ да не ги бележи парите предадени од Баришиќ во деловните книги.

Се додава дека Санадер чувал дел од тие пари за себе, а осум милиони куни биле искористени за финансирање на неговата партија.

Осумгодишната затворска казна на Санадер ќе го вклучува и времето поминато претходно во истражен затвор.

Total
0
Shares
Поврзани објави