Осум години по Смилковци – сеќавање на децата

Денеска се навршуваат осум години од петкратното убиство кај Смилковското езеро.

На 12 април 2012 година, на Велики четврток беа убиени четири момчиња на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани, Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и Борче Стевковски, 45 годишен од селото Црешево.

Убиствата се случиле меѓу 19,30 и 22,30 часот кога биле најдени телата на убиените.

За овој грозоморен чин беше отворен судкиот предмет „Монструм“, во кој на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените и им определи мерки на претпазливост.

По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот е вратен на повторно судење.

Total
0
Shares
Поврзани објави