Откажано продолжението на конститутивната седница оти Џафери станал дедо

Претседавачот со конститутивната седница на Собранието и поранешен претседател на Парламентот, Талат Џафери на својот Фејсбук профил соопшти дека ја откажува конститутивната седница на Собранието закажано за денеска поради тоа што станал дедо.

„Благословени и пресреќни сме по вестта дека ќерката Бесиана на свет го донесе нашиот внук, Фрашер! Двајцата се добро, на нас е да се радуваме на убавите моменти“, напиша Џафери. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави