Откриено момчето што објави снимка на ТикТок како пука со калашников

Полицијата го фати лицето кое пред неколку денови пукаше со калашников и видеото го објави на социјалната мрежа „ТикТок“.

Станува збор за 18-годишен арачиновец, во чиј дом, полициски екипи извршиле претрес.

Тој бил однесен во станица, но поради тоа што истрагата е во тек, од МВР не откриваат чија сопственост е оружјето кое се гледа на снимката.

-Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со оружје при Одделот за криминалистичка полиција и СВР Скопје извршија претрес во дом и други простории на Е.А. (18) од Арачиново, скопско, кој на социјалната мрежа „Тик ток“ постирал видео како пука со автоматско оружје. Извршен е разговор со Е.А. во полициска станица и се работи на расчистување и документирање на случајот- тврдат од полицијата.

Total
0
Shares
Поврзани објави