Пациент со коронавирус во штипската болница се жали дека никој не се грижи за болние

Телевизијата Клан на својот Фејсбук профил сподели видео направено на инфективното одделение во штипската болница.

На видеото освен катастрофално лошите услови, пациентите сведочат и како никој од медицинскиот персонал не им се наоѓа на помош, ниту им пружаат нега.

Еден од сведоците пред камерата на телевизијата прашува дали треба да убие човек за шише вода, додека се бори со коронавирусот?

„Барав вода да ми се донесе, затоа што од шеќерот пијам многу апчиња. Дневно инсулин ставам над 100 дози. Синоќа ми беше 25 шеќерот, сабајле гледам 15.3. Му кажав на докторот колку ми е шеќерот, но досега нема ништо од нив. Сега барав вода, излегов тука, од таму ми се јави некоја сестра или докторка и ме испокара и ми рече да влезам. Што да правиме да убиваме за едно шише вода“, вели пацентот за телевизијата.

Total
0
Shares
Поврзани објави