Падна мобилната мрежа на А1

Корисниците на Телеком изминатиот час не можат да се јавуваат од мрежата на Телеком кон мрежата на А1.

Од компанијата велат дека проблемот е во дојдовните повици, односно не може да се оствари контакт со корисниците кои се на операторот А1, каде според нив е и дефектот.

Корисници на мрежата на А1 на социјалните мрежи реагираат дека од нивната мрежа можат да бираат , но не може да добијат повик.

Од А1 потврдуваат дека во моментов се соочуваат со глобален технички проблем со мобилните оператори, како и дека нивните екипи се на терен и работат на отстранување на проблемот.

Total
0
Shares
Поврзани објави