Падна веб страната за проверка кој ќе добие картичка со пари за купување домашни производи

Веб страната „Kupuvamdomasno.gov.mk“ – на која граѓаните можат да проверат дали им следува платежна картичка од 9, 6 и 3 илјади денари – Владата ја пушти во употреба, но таа кратко функционираше.

Новинарите и на прес конференцијата на министерката за финансии алармираа за проблемите. Ангеловска уверуваше дека потешкотиите ќе бидат надминати, и граѓаните нема да се соочуваат со вакви проблеми.

Дел од картичките веќе се готови и банките ќе ги делат уште оваа недела. Со нив ќе може да се пазари до 15ти август. Вкупно 324 479 граѓани треба да добијат платежни картички.

Total
0
Shares
Поврзани објави