Палевски е во добра здравствена состојба

Љупчо Палевски е во добра здравствена состојба по вчерашниот брутален напад пред неговиот дом во Скопје. Уредникот на Инфомакс Александар Митовски објави фотографија од болничката соба во Аџибадем Систина каде што Палевски е хоспитализиран.

Вчера околу 17 часот Палевски беше нападнат од две лица на мотор. Се претпоставува дека нападот има политичка позадина.

Митовски вели дека напаѓачите цел ден седеле пред домот на Палевски, го чекале, а биле и снимени од безбедносни камери. Имало снимки на кои напаѓачите биле без нивните црни кациги, напиша Митовски на својот фејсбук-профил.

Палевски е претседател на движењето „Трета“, а е активен и во партијата Глас за Македонија на Солза Грчева.

Нападот на Палевски вчера го осудија ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Глас за Македонија, Левица…

Total
0
Shares

USJE
Поврзани објави