Палевски во државен карантин: Сето ова е обичен циркус

По неколкучасовен распит во полициската станица „Беко“, Љупчо Палевски-Палчо, кој беше приведен од скопско кафуле, бидејќи не го почитувал решението за самоизолација, е спроведен во државен карантин со екипа на итната медицинска помош.
Тој таму ќе треба да остане 14 дена, на сопствен трошок, согласно одлуката на Владата, како мерка за непочитување на здравствените прописи.

Во моментот кога Палевски се качуваше во возилото на итната медицинска помош за А1он изјавил:
– Циркус што да ви кажам, сето ова е обичен циркус-рече Палчо.



Палески ќе биде гонет кривично за прекршување на мерката за самоизолација, а ќе му биде изречена и парична глоба.
Тој на социјалните мрежи објавил и видео додека беше се уште во станица со содржина: „И од карантин ќе ве дерам, ќе ми го бричите”.

Тој пред краток период се врати од странство, а претходно беше успсен по потерница од Интерпол во Србија и екстрадиран во Хрватска поради кривична постапка која се водела против него.

Тој беше осомничен и во една од предистражните постапки на СЈО, за случајот „Никола Тесла“ и беше извршен претрес во неговиот дом при што беа пронајдени аудио материјали за овој предмет. Но, случајот немаше разрешница.

Текст и фотографија: A1on.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави