ПАНЧЕВСКИ : “Пресуда ја потврди судија зет за сестра на Хари Костов – правдата е како шилo, се гледаме во Стразбур”

По објавувањето на веста дека Апелациониот суд потврдил пресуда за мобинг против Владимир Панчевски екс претседател ка Кривичен и судија, тој го испрати следново соопштение:

По повод ексклузивните објави во медиумите и веб порталите дека е потврдена пресудата за мобинг по поднесена граѓанска тужба од Горан Стаменковски раководител на Одделението за човечки ресурси, во која јас Владимир Панчевски поранешен претседател на Кривичниот суд во Скопје сум осуден за мобинг, заради правилно информирање на јавноста ве известувам за следното:


Пресудата е граѓанска, а судот констатира мобинг и ништо повеќе, кон мене нема ниту задолжение ниту дејство!

Пресудата е политички мотивирана и донесена под притисок на актуелната власт бидејки наводно оштетениот е активист на “шарената револуција” и советник на поранешниот премиер Зоран Заев, а истовремено и актвен раководител на човечки ресурси во Кривичниот суд кој во овие изминати години несомнено користел манифестација на моќ и влијание во судството!

Сите слушнавме дека Зоран Заев го има зграпчено и заробено правосудството и како наредува и контролира одлуки на највисокиот Врховниот суд на Република Македонија, па што останува за другите судови, несомнено нешто е труло и во оваа постапка ако се има предвид контролата врз судството.

За волја на вистината за овој човек Горан Стаменковски слободно можете да го прашате секој вработен во Кривичниот суд и судството пошироко ќе добиете еден ист одговор дека е неработник и насилник!
Пресудата под контрола на Зоран Заев најпрво од преголема желба да биде потврдена ја донесе судија кој кога ја потврдил веќе бил во пензија, на мој приговор Апелациониот суд во Скопје ја укина пресудата но повторно ја потврди првостепената пресуда во која констатира мобинг.

Оваа пресуда ја потврди судијата Санде Зиков од скопска Апелација кој е зет за сестра на Хари Костов, и тој и претходно учествувал во првото одлучување но тогаш не забележал дека неговиот колега бил во пензија!

“ОДОЗГОРА НА ТОГА”

Правдата е како шило, се гледаме во Стразбур…

Владимир Панчевски

Total
0
Shares
Поврзани објави