ПАНИКА ВО АЈАКС: СТРУЧНИОТ ШТАБ ВО КАРАНТИН ПОРАДИ КОРОНАВИРУС

Паника во редовите на Ајакс поради коронавирус. Двајца членови на стручниот штаб се пратени во домашен карантин, откако помошниот тренер Кристија Поулсен бил во контакт со лице кое е заразено до коронавирус.

Поулсен бил на роденден, по кој биле потврдено дека еден од гостите е позитивен на вирусот, кој се рашири во цела Европа.

Од клубот велат дека членовите немаат симптоми на коронавирус и дека истите биле изолирани поради претпазливост. Покрај Поулсен во карантин е кондициониот тренер, Александро Шенмајкер.

извор: sportmedia.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави