Пановски повикува да не се трујат болните од корона со антибиотици

Професор д-р Никола Пановски предупредува дека во Македонија пациентите со коронаврирус добиваат несоодветна терапија преку се злоупотребува на антибиотиците.

Пановски тврди дека дека само во последните два месеца се препишани илјадници рецепти за сумамед и панцеф.

„Податоци од ФЗО за октомври 2020, азитромицин таблети 500мг(сумамед) 42000 рецепти, цефиксим табл.400мг (панцеф) 13500, за 17 дена во ноември 44500 рецепти за сумамед и 14500 рецепти за панцеф. Во тој период има 30.000 нови позитивни на Ковид 19, а пропишани 86500 +28.000 рецепти“, вели Пановски.

Според него, е нејасно зошто се препишуваат само тие два антибиотика кога има уште дваестина други.

„Проценката е дека до крајот на годинава ќе се реализираат 200.000 рецепти сумамед и 60.000 рецепти панцеф повеќе од 2019. Ако имаме 100.000 САРСКов2 позитивни, ако од нив 15.000 (15%) се со некакви компликации, можеби и бактериски инфекции, од каде 260.000 рецепти, па и за 15.000 болни и зошто баш тие антибиотици, кога има уште дваесетина други“, се прашува Пановски.

Total
0
Shares
Поврзани објави