Пановски тврди дека лекот Ремдесивир е опасен и токсичен

Mикробиологот Никола Пановски дврди дека лекот „Ремдесивир“, кој земјата ќе го набави преку Европската унија,  е исклучително опасен, токсичен е и има несакани дејства.

-Веста дека овој лек го лечи вирусот Ковид 19 брзо се прошири, но нагласувам дека станува збор за лек кој се употребува исклучително за тешки случаи и истиот е токсичен и предизвикува докажани несакани дејства. Нема докази дека ја намалува смртноста, но сепак го скратува лекувањето, изјавил за Слободен печат Пановски.

Тој смета дека лекувањето со „Ремдесивир“ е начелно прифатено во болнички услови, но не смее да се прошири на продажба во аптеки затоа што може несоодветно да се користи.

„Од друга страна лекот е многу скап. Ако биде ставен на позитивна листа, државата ќе колабира, затоа да оставиме „Ремдесивирот“ да се употребува како и до сега во болнички услови, кога докторите ќе сметаат дека е неопходно, рече Пановски.

Total
0
Shares
Поврзани објави