Пазарџиите го блокираа Центар и Бит Пазар

Пазарџиите протестираат против Законот за трговија на зелените пазари кој стапи во сила од 1-ви јануари годинава.

На поголем дел од зелените пазари утрово има катанци и транспаренти на кои е најавено дека има протест, а оние кои продаваат на Зелениот пазар дојдоа пред Собранието.

Трговците од Битпазар изутринава излегоа на протест на булеварот Крсте Мисирков, при што сообраќајот во тој дел од градот е во прекин.

Пазарџиите на Буњаковец останаа на своите продажни места.

Според законот, за тезгите се плаќаат лиценци. Цената за лиценцата е 3.600 денари, а ако некој има повеќе тезги за секоја наредна тезга се плаќа по уште 2.400 денари. Лиценците ќе ги издава Стопанската комора на Македонија.

Според новата регулатива, на зелените пазари не може да работат пензионерите, вработени, или пак луѓе кои остваруваат некакви хонорари.

 

Total
0
Shares
Поврзани објави