Пазарна инспекција спречила седум свадби со над 150 гости

Пазарната инспекција вчера, освен во неколкуте скопски барови, влегла и во седум ресторани каде се правеле свадби со повеќе од 150 луѓе, а гостите не носеле маски.

Директорот на Инспекторатот, Стојко Пауновски, вели дека три свадби се организирале во Скопје, две во Тетово, а влегле и во ресторанот „Престиж“ во Струга, каде се одржувале две свадби паралелно.

-Што да ви кажам, само од синоќа имаме 14 кривични пријави. Влеговме во ресторанот Мирко 919 каде се правеше свадба, во ресторанот Буши, имаше свадба и во Чаир, преполни беа сите со гости. Во Тетово на пример, ги прават свадбите во ресторани кои се малку затскриени, но ете одиме и прондесуваме и кривични пријави и прекршочни, но очигледно тие гајле немаат“, изјавил за Фактор Пауновски.

Тој објаснува дека во струшкиот ресторанот „Престиж“, кој е на два кат имало две свадби со над 150 луѓе, кои не ги почитуваат протоколите.

„Како да се носи маска на свадба?, се пошегува Пауновски.

Total
0
Shares
Поврзани објави