Пендаровски: Не е потребно да брзаме со вонредна или кризна состојба

Заклучокот на Советот за безбедност е дека поставената е соодветна и адекватна на ризиците на кои сме изложени. СЗО тврди дека ние сме државата која најдобро се справува со кризата. Ако има потреба можеме да препорачаме на Владата да прогласи и во други општини кризна состојба. Засега Советот смета дека не треба да се избрзува со донесување заклучок за вонредна или кризна состојба. Ние ресурсите мора да ги димензионираме според реалните потреби и граѓаните да ги почитуваат сите мерки кои се упатуваат. Само така најдобро се спречува ширење на болеста. Апелирам нашите граѓаните да не патуваат во други држави, а и оние кои работат во Европа да не се враќаат без посебн потреба бидејќи така не сакајќи и незнаејќи може да го рашират вирусот. По потреба Советот за безбедност ќе се состанува и повеќе пати во денот – кажа претседателот Стево Пендаровски по сендицата на Советот за безбедност.

На прашање дали ќе се одложат изборите Пендаровски вели дека нема никаков правен проблем да се одложат изборите иако не е прогласена вонредна состојба. И мисијата ОБСЕ со писмо ја известила државата дека се повлекува и физички од државата, потврди Пендаровски.

Total
0
Shares
Поврзани објави