Пендаровски: Во идната влада не сме да има корумпирани министри

Претседателот Стево Пендаровски смета дека во индата влада не смее да има министри со криминално минато, туку да бидат луѓe со јасен домoкратски капацитет и проевропска ориентација.

„Тие треба да бидат луѓе кои не биле инволвирани во ниту една афера со криминален бекграунд имајќи предвид дека нашиот далеку најважен предизвик во годините што доаѓаат ќе биде владеење на правото“, вели Пендаровски во интервју за неделникот Фокус и додава дека сите ешалони на власта треба да бидат чисти за да можат да добијат безбедносен сертификат од НАТО, како кредибилен партнер.

Пендаровски ветува дека мандатот за составување влада ќе го добие партијата или коалицијата која ќе обезбеди мнозинство во парламентот.

„Подготвен сум, ако има договор, мандатот да го доделам и пред да заврши уставно определениот рок од 10 дена“, вели Пендаровски.

Тој смета дека барањето на ДУИ за проимер Албанец е легитимна, но предност треба да има квалитетот, а не етничката припадност на кандидатите за која било функција.

„По 30 години транзиција мислам дека конечно повеќе не треба да не интересира етничката припадност, туку квалитетот на кандидатот“, оценува Пендаровски.

Total
0
Shares
Поврзани објави