Пендаровски за утре на пладне закажа седница на Совет за безбедност

Претседателот Стево Пендаровски за утре со почеток во 12:00 часот во „Вила Водно“ закажа  седница на Советот за безбедност.

Како што соопштија од Кабинетот на претседателот на седницата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче.

Оттаму додаваат дека веднаш по завршувањето на седницата, претседателот Стево Пендаровски ќе даде изјава за јавноста со заклучоците од седницата.

Total
0
Shares
Поврзани објави