Пендаровски: Земјата нема иднина ако не се справиме со криминалот

Претседателот Стево Пендаровски во обраќањето по повод Денот на Армијата денеска предупреди дека земјата нема перспектива ако нема еднаквост на граѓаните пред законот и ако власта се користи за личното, а не за јавното добро.

„Без доверба во институциите ја ризикуваме и нашата национална безбедност. Ниската репутација и разочараноста на граѓаните од политиката и од нас политичарите, креираат идеален амбиент за новите начини на поткопување на стабилноста и безбедноста како што се хибридните закани. Најдобриот начин за борба против дезинформациите, лажните вести и останатите хибридни закани е токму високата доверба на граѓаните во демократските институции, а таа доверба се заслужува само преку одговорна политика и бескомпримисна борба со оние кои ги кршат законите, независно од нивната функција и моќ“, порача Пендаровски.

Тој смета дека членството во НАТО е привилегија, но и обврска да ги почитуваме темелните вредности на овие две заедници, како што се владеењето на правото и функционалната правната држава, како основен услов за економски и социјален развој.

„Огранизираниот криминал и високата корупција кои за жал се дел од нашето секојдневие, ја нарушуваат довербата на граѓаните во институции и надежта за пристоен живот. Најважна обврска на нашата политичка генерација е воспоставување систем за ефикасно справување со криминалот и корупцијата. Длабоко сум убеден дека нашето политичко наследство ќе зависи најмногу од успехот во остварувањето на оваа задача“, истакна Пендаровски.

Според него, полноправното членство во НАТО е историско постигнување и дека тоа би било невозможно без напорите и на Армијата. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави