Пензионирање на 64 и 62 години нема да важи за приватниот сектор

Mинистерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска изјави дека задолжителното пензионирање на работниците на 64 години кај мажите и 62 години кај жените нема да се применува за приватниот, туку само за јавниот сектор.

– Тоа е закон кој што ќе ги вклучува сите вработени во јавниот сектор и ќе остава можност и за исклучук во реалниот сектор, каде работникот и работодавачот со заемен интерес би се договориле за продолжување на работниот век, рече Шахпаска.

Според неа, законските измени за пензионирање ќе влезат во собрансика процедура, според кои работниците од јавниот сектор кои наполниле 64, односно 62 години, задолжително ќе одат во пензија.

Ваквото решение нема да важи за здравствените работници и соработници, како и за универзитетските професори.

Total
0
Shares
Поврзани објави