Пешаци и мотоциклисти најзагрозени категории во сообраќајот

Покрај пешаците и велосипедистите, мотоциклистите се една од најзагрозените категории во сообраќајот, а според статистиките на Републичкиот совет за безбедност на патиштата и сообраќајот, во текот на годината загинуваат до 15 мотоциклисти. Републичкиот совет апелира на одговорност и носењ е на кацига.

За подигање на свеста во сообраќајот днеска се оддржа мото-дефиле, и симулација на сообраќајна незгода со повреден мотоциклист.

Со оваа потресна демонстрација, Републичкиот совет уште еднаш упати на црната статистика во сообраќајот.

,,Бројот на загинати минатата година е 132 лица. Со два проценти во бројот на моторните возила во нашата Република учествуваат мотоциклистите, а за жал 10 проценти од загинатите лица се мотоциклисти“, велат од Мотоциклистичката федерација и Црвениот крст на Град Скопје.

Тие посочуваат дека генерално не се земаат во предвид мотоциклистите како учесници во сообраќајот, па оттаму најчесто произлегува причината за фаталните последици од сообраќајните несреќи.

,,Најчесто после сообраќајна незгода, во 95 отсто случаи одговорт на возачите на автомобили е дека не го виделе мотоциклистот. Ова укажува на потреба од посебен третман, посебен едукативен елемент во обуката на возачите кои што мораат да обрнуваат внимание и да ги знаат спецификациите на и можностите на моторот, бидејќи можности кај овие превозни средства се послаби.

Советот ги повикува и мотоциклистите да ги почитуваат сообраќајните правила, посочувајќи дека градските улици не се терен за трки со мотори. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави