Пет девојки , старец и пешак тешко повредени во сообраќајки за само неколку часа

Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 13 часот на регионалниот пат Тетово – Попова Шапка, поточно во село Гајре.
Според информацијата на МВР, во несреќата учествувале „бе-ем-ве“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Б.(31) од село Шипковица и возило „цитроен“ со италијанска национална ознака, управувано од М.Д.(32) од Албанија, а со место на живеење во Италија.
Во незгодата сопатникот од возилото „цитроен“ Ф.И.(61) од село Бозовце се здобил со тешки телесни повреди и истиот е задржан на понатамошно лекување во Клинички центар Тетово. Извршен е увид на местото на настанот.
Голема сообраќајка имаше и во Скопје. 5 девојки се повредени во сообраќајката во Дебар Маало
Една девојка е потешко повредена, а четири се полесно повредени во сообраќајката што вчера наутро се случи на раскрсницата на улиците „Орце Николов” и „Аминта трети”.
Вчера во 7,10 часот на оваа раскрсница се судриле „фиат линеа” со скопски регистарски ознаки управувано од Н.Т. (29) од Скопје и „цитроен Ц3″ исто така со скопски ознаки управувано од С.Х. (47) од Скопје.
Од незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото „цитроен” и на истата ѝ е укажана лекарска помош во Градска општа болница “8 Септември”, додека со телесни повреди се здобила С.Х. и три сопатнички во возилото „Фиат Линеа“ В.Н. (24), Д.С. (24) и Е.В. (19) сите од Скопје. Извршен е увид на местото на настанот.
И во Прилеп настрада 74-годишен пешак. И.Т. (74) е тешко повреден откако вчера во Прилеп бил удрен од „мерцедес” управуван од М.Т. (24). Сообраќајката се случила на улицата „Александар Македонски“.

извор: МВР

Total
0
Shares
Поврзани објави