Пет години го бара исчезнатиот склеротичен татко

„Дали некој го видел овој човек? Се вика Душан Илиевски (Сандокан) и веќе пет години е исчезнат… Човекот боледува од склероза. Семејството упатува апел, ако некој го види веднаш да се јави на 071 331 574 Јовица Илиевски.Ве молам, споделувајте за поскоро да се врати кај своето семејство.Бог да ве благослови!!!

Вака споделувајќи повик во фејсбук групата Хуманитарна организација Свети Спас, Оливер Петровски, веќе пет години го бара неговиот изчезнат татко Јовица.

Во разговор со порталот Фактор, Оливер ја разкажал емотивна приказна за неговиот татко, кој боледувал од склероза и исчезнал пред пет години. Тој ги интензивира напорит да го најде таткото оти неколку роднини и пријатели имале информации дека човекот е виден во Драчево како живее како бездомник.

„Мојот татко два-три пати е виден од Драчево, луѓе што го виделе тврдат дека е тој, односно дека видениот човек одговара на неговиот опис“, вели Илиевски.

Според него, неговиот татко Душан бил виден пред четири месеци на автобуската станица кај Зелено пазарче.

А пред две и пол години Душан Илиевски бил регистриран и Домот за бездомни лица во Момин поток. „Таму му дале храна, но потоа си заминал“, објаснува Илиевски.

Тој апелира до сите добри луѓе ако го видат неговиот татко или ако имаат било каква информација за него, да му се јават на телефонскиот број.  Семејството за помош се обратило во Министерството за внатрешни работи, од каде им ветиле дека ќе спроведат потрага по исчезнатиот човек. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави