Петровски: Груевски му спрема смена на Мицковски

Филип Петровски, поранешен функционер во ВМРО-ДПМНЕ и екс-пратеник, вели дека Никола Груевски спрема смена на актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а на негово место го токми потпретседателот на партијата, Александар Николоски.

„Тука е споната Александар Николоски, за кој што се зборува дека по абдицирањето на Мицкоски, треба да биде неговиот нов наследник, нели, со амин од Груевски, за тој да го задржи своето влијание во партијата“, изјави Петровски во емисијата Само вистина на Канал 5.

Тој тврди дека располага со информации дека Николоски работи на создавање на коалиција, на создавање на медиуми, на прибирање на новинари и на влијателни луѓе кои тоа би го поддржале.

„Тоа Мицкоски го знае и мислам дека е свесен дека не може да избега од тоа доколку промената се случи. Според мене, тоа е тотално неприфатливо за ВМРО-ДПМНЕ и ќе биде погубно, бидејќи партијата е во многу лоша состојба сега“, вели Петровски.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

(ВИДЕО) Кавга меѓу владици на МПЦ- ОА, за Петар во Бигорски има парацрква, Партениј обвинува дека тој шири омраза и поттикнува на линч

Владиката Петар предизвика жестока реакција од Братството на Бигорскиот манастир откако во своето синоќешно гостување на ТВ Сонце…