Писмо од Идризово: Болни од хепатит и наркозависници на исто место со здрави затвореници

До редакцијата на dosie.mk пристигна писмо кое во целост Ви го презентираме. Во него затворениците ја опишуваат состојбата во затворот Идризово каде според писмото владее хаос, нечистотија и проблем со викендите поради недоставени решенија за амнестија за оние затвореници на кои им се намалува казната. Од денеска во овој затвор е назначен нов директор откако Алијансата за Албанците ја напушти Владата и позициите кои ги имаше. Антонио Димов кадар на ЛДП , генерален секретар на партијата ќе раководи со најголемиот затвор во Македонија.

“Во затворот е хаос и се случуваат сериозни нарушувања на правилникот на затворот. Затвореникот што го бранеше името и му скрши нос на предавникот десет дена е во самица за тој инциден откако Управата го лажеше дека нема да има такви и никакви последици, туку само рапорт за тепачката.
Зависниците од дрога ги сместија во исто одделение заедно со останатите. Наркоманите, 99 проценти заболени од хепатит Б и Ц се со здравите осуденици. Во затворот е хаос, повторно во поглед на хигиената и здравјето и релативниот мир. Смрди, корне. Останатите осуденици се нервозни поради можни кражби од зависниците кои примаат метадонска терапија и трчаат по таблети.
Воедно сеуште не е целосно имплементирана амнестијата. Уште има лица во Идризово кои одамна требаше со амнестија да бидат ослободени. Другите кои имаат решенија за намалување од 30 проценти на казната чекаат веќе втора трета недела Управата да одржи состанок за промена на статусот за да можат да искористат право на викенд или други погодности.
Целиот затвор тлее. Нема промена на третмани и статус за викенди, осуденици кои треба да се на слобода се уште се во затвор. Упрвата ја префрла топката во Управата за санкции, од таму велат проблемот е во судовите, а затворениците страдаат.
Исто така нејасен е статусот со казните на парична казна претворена во активна затворка казна. За тоа следува амнестија, но не ја добиваат. Се бара да ја платат паричната казна, иако веќе ја лежат како затворска.
Се врши соодветна тортуда врз сите.
Едни чекаат слобода која им следува оддамна. Други чекаат викенд кој им следува за да ги посетат семејствата. Трети чекаат паричните казни претворени во затворска казна да им се разрешат за да излезат на слобода. Четврти се жалат што се изземени од амнестија. А сите се нервозни , плус измешани педофили , силувачи, убијци, даночни затајувачи, дилери, наркомани, сообраќајки, дожвотни на едно место заедно. Надвор чекаат уште околу 3000 правосилно осудени лица.
Колку и да е соодветно привремено решение за ужасната состојба во затворите , законот за амнестија, толку и не бидјќи повторно во скоро време истите ќе бидат преполни со оние кои чекаат да дојдат да ја отсужат казната.
Нова амнестија ќе треба?
Или решение е итно дополнување на Законот за санкции и воведување “европска” по теркот на EU ( Шведска , франција, германија, АВтстрија, чешка) со која осудените лица кои одлежале две третини без инциденти се пуштаат една третина да отслужат на условен отпуст?
Меѓудругото , оваа дополна е и една од барањата на ЕУ за реформи во судството со планот 3 6 9 како најлесен и најхуман начин за олеснување на затворите, осудениците , растеретување на затворите и намалување на затворската популација. Плус овој начин за условен отпус е во корист на осуденото лице кој ниту во затворот ниту на условниот отпуст нема да прави проблеми , и е еден вид ресоцијализација.

На крај ИМА ЛИ КРАЈ НА ОВАА ГОЛГОТА?”

Total
0
Shares
Поврзани објави