Пласидо Доминго – Позитивен сум на коронавирусот

Шпанскиот оперски пејач Пласидо Доминго соопшти дека е заболен од коронавирусот. Веста за позитивниот тест ја сподели на социјалните мрежи и апелира да се остане дома и да се почитуваат препораките на надлежните служби и на Светската здравствена организација (СЗО).

Чувствувам морална обврска да кажам дека сум позитивен на коронавирусот. Во самоизолација сум со семејството и ќе останеме дома се додека лекарите не кажат поинаку. Моментно сум добар, меѓутоа има симптоми на кашлица и треска. Бидете внимателни, следете ги основните упатства, често мијте раце, бидете барем шест стапки зад другите и ако можете останете дома. Само со заеднички сили можеме да се избориме со оваа светска криза и да се вратиме на нормалниот живот-, напиша Доминго на својот Фејсбук профил.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Експертите предупредуваат: Навивачи од Катар се враќаат со „камила грип“ – може да биде смртоносен, ова се симптомите

Некои навивачи покажуваат симптоми ја „камила грип“, потенцијално смртоносна инфекција на која предупредува британската Агенција за здравствена безбедност.…