Плавушите бејб, плавушите се во мода

Пишува: Кристина Мачкиќ

Празно ? Нема текстови? Се чудите портал без ТЕКСТ!!!! ТАКА Е БЕЗ ТЕКСТ!!! Такво е нашето новинарско перо нема повеќе мастило.

Такво е нашето судство, одамна правдата заминала од малата бела грда зграда на булеварот со име на славниот Гоце. Сега се можеби во мода Сваровски судии, но до пред некое време беа во мода плавушите. Сега тие тераат друга мода , плачат колку се угнетени или на Калето или по ходници, но некои од нас се знаеме малку повеќе и малку поодамна нели!

Па ете сега плавуша ќе биде или претседател на Кривичен или во март на Апелација, како и да е блондинките секогаш се во мода и кој може да им одолее… за моралот следниот пат.

Другата па љубителка на накит од кристали, зарони солзи, а на судиите едно време им ги “начукуваше предметите” (простете на израз но така велеше, знае судијата што се онесвести кога виде што ќе суди) .

А да! Кога сме кај местењето предмети компјутерот не е виновен кутриот додека не го наштелуваа кој судија да го ифрли да суди маме му расплакаа од рестартиање. Се чудам дали воопшто и работи. А ако некој демек судски функционер заврши на суд веќе е ослободен , па затоа е и комотен  да зборува со писма натопени со солзи. Претседателот сепак има дискреционо право да одлучи кој тежок судски предмет кому ќе го даде. Тоа секако доколку не се претера. Но со што се кај нас не се претера или забега,  та за делење предмети.

Исто така не помалку важно остана кој ќе го лапне судското бифе во Апелација, па адвокати без клиенти да чмаат по цел ден и новинари со ракија во шољичка од кафе да чекаат да лапнат “ексклузивка”, иако после сами си се демантираат, но не е важно, повеќе тоа. Кој слушнал демант?

Телевизиите полни со дебати, исти луѓе туку шетаат и истото та истото, а водителите олкај задници за грст долари. И ние имаме македонско новинарство па уште и истражувачко. Не другарчиња ние имаме продадено кодошко пискарало. Зошто ? Затоа што го заборавивме човекот и неговата приказна. Ја заборавивме темната страна на вистината.

Ги заборавивме и оние пред  и зад шалтерот, во и надвор од судницата, луѓето по затворите кои со амнестијата беа пренесени жедни преку вода. За последните следен пат само за нив. Не се сложувам дека само затворите се сликата на една држава, туку и болниците, но тоа не значи дека ако човек украл чорапи , во затвор треба да живее без чорапи.

За почеток толку… ова се само мал дел од секојдневието со кое ќе се занимаваме.

Е затоа порталов е БЕЗ ТЕКСТ !!! Отворен е за Ваши текстови. Ова не е портал кој ќе трча да краде вести.

Ова е магазин за добри четива.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

МОНСТРУМ

Случајот Монструм никогаш не сакав да го нарекувам баш како Монструм. Додека го следев во судница и надвор…
Повеќе

Ова не е наша Ката, Цанде пали го фиќото

………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………… и така бомбите на СЈО станаа неупотребливи. На точките од претходно се знае што би пишувало да…
Повеќе

Сите ние сме Вие

Одамна сум кажала за во кафеана сите сме другари. Лесно е да се радуваш, пееш, пиеш… Но во…
Повеќе

Димче пуф пуф транс

Поскапува водата. Кому му е гајле? Ќе се менува Законот за пушење….ееее ова е за дебата. Гледам сите…