Почина и таткото на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева го изгуби и нејзиниот татко.

Таа денеска со полициска придружба била спроведена да присуствува на погребот во Гевгелија.

Екс-шефицата на СЈО во домашен притвор ја затекна и смртта на нејзината мајка на денот кога беше уапсена минатото лето на 20 август, кога исто така од обвинителот и беше дозволено да оддаде последна почит.

Инаку татко на Јанева беше Костадин Делиџаков, долгогодишен судија и претседател на судот во Гевгелија до неговото пензионирање.

Јанева в четврток ја очекува пресудата за случајот „Рекет“ како првообвинета.

извор: Фактор

Total
0
Shares
Поврзани објави