Почина Југослав кој вчера очајно бараше помош за лекување од Ковид-19

Југослав полина од последица на Ковид 10. Ве молиме не полаќајте повеќе средства, а претходно уплатените средства во полн износ ќе ви бидат вратени по завршување на оставинската постапка.

Бог да прости.

Ваков пост денес осамна на профилот на Југослав кој вчера очајно бараше помош да се лекува во приватна болница. Југо чувствуваше дека ја губи битката и бараше начин како да замине во приватна клиника која му беше последна надеж дека ќе се извлече.

Драги мои роднини, пријатели и сите што ова ќе го прочитате,Дојде момент да немам друг избор и помош да барам јавно. Јас сум Југослав и сум пациент на клиниката за белодробни заболувања во комплексот Мајка Тереза, позитивен на КОВИД-19 и со лоша клиничка слика.Се борам за секој нареден здив, вода пијам голтка по голтка со многу вложен труд и болка бидејќи грлото ми е во рани од кашлица и исплукување крв. Клиниката е преплавена со заболени, лекарите и сестрите борци се борат како последните упорни херои, жртви на воен фронт. Секој ден се плашам дека можеби ова е мојот последен ден на овој мил свет. Моите сестри веќе заминаа од светот на живите, а јас секој миг се плашам дека мајка ми ќе остане и без последното чедо кое што не успеа да остави ни внуци позади себеси.Сметам дека клиниката неможе да ми ги пружи идеалните услови за мојот организам ги има сите шанси за борба па одлучив да Ви се обратам Вам за помош. Хуманитарните луѓе од млекара Бучен Козјак веќе помогнаа со голем дел од средствата кои ми се потребни да се лекувам на приватна клиника каде што сметам дека медицинскиот тим може да ми пружи подобри шанси за живот, но ми недостасуваат уште 9000 евра за да примам озонска терапија и крвна плазма и да ја продолжам борбата со нови сили.Ве молам сите што сте во можност и на кои нема да можам можеби и никогаш да Ви се одолжам, – напиша Југослав неколку часа пред да почине.

Total
0
Shares
Поврзани објави