Почина маестро Зоран Џорлев: Се надевавме на подобро, ни изјави внукот Огнен Здравковски

Маестро Зоран Џорлев, познатиот виолинист и музичар денеска почина. Тажната вест на својот Фејсбук профил ја објави неговиот внук, пејачот Огнен Здравковски.

Огнен стави црна позадина како профилна фотографија, и пријатели почнаа да му изјавуваат сочувство.

За Женски магазин, Огнен ја потврди веста за загубата на вујкото. „Вујко ми си замина. Беше болен од Ковид-19, беше во болница, беше подобар, се надевавме на подобро, но денес нè напушти. Му се откачи тромб“, ни рече низ солзи Огнен. Целиот текст на Женски магазин, овде. 

Total
0
Shares
Поврзани објави