Почина патник во авион на летот Базел – Скопје

Утрово од страна на екипажот на Виз Ер било пријавено дека во авион кој сообраќал на релација Базел – Скопје имало лице кое не давало знаци на живот.

Според информациите во полицискиот билтен во 00,27 часот на Граничниот премин „Меѓународен aеродром-Скопје“ пристигнал воздухоплов што сообраќал на релација Базел-Скопје и било пријавено дека во него имало лице кое не дава знаци на живот.

Во 00,50 часот од страна на лекар констатирана била смрт без траги на насилство кај К.К.(74) од Гостивар.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.

Total
0
Shares
Поврзани објави