Почина затворничката која “Идризово” не ја носеше не лечење, а државата ја пушти на улица

Затвореничката од “Идризово” Ката Трајкова која беше болна од карцином и два месеци лежеше во затворската соба без соодветна терапија и нега, вчера почина во Гостиварската болница. Според болнички извори таа самата побарала лекарска помош. По неколку часа од приемот состојбата и се влошила и починала. Обвинителството дало наредба за обудукција.
Сега починатата беше осуденичка во затворот Идризово. Околу нова година беше оперирана од карцином, и веднаш вратена во затворски несоодветни услови. Внатре за неа се грижеа затвореничките. Идризово по објавувањето на сторијата на досие.мк ја однесе во болница но истовремено за неа бил побаран и предвремен отпуст од затворот барање кое набризна било одобрено. Затворот ја остава во болницата од каде Трајкова си оди без никој да знае каде е и што прави. Трајкова била со нарушено психичко здравје за што потврдија и тогашните раководители од Идризово и е нејасно како можела да потпишува документи.
Првиот документ кој го отвори овој сомнеж се документите за отпуст од Клиника на кои затвореничката е потпишана дека доброволно ја напушта болницата и тоа на нејзина одговорност, веднаш по операцијата. Но токму оваа постапка доведува до сомнеж колку била свесна што потпишала и дали воопшто знаела каков документ потпишува. Затвореничката подолг период е на силна медицинска терапија поради психички проблеми, заради што е нејасно како можела сама да донесе одлука.
Иако вратена во “Идризово” лекарите од Клиниката за онкологија препишале соодветна терапија меѓу другото и хемотерапија. Но жената не била однесена да ја прими хемотерапијата ниту еднаш. За тоа дали некој од женско ќе се лечи или не, според досегашните искуства на затвореничките, зависи со која надзорничка ќе се оди на Клиника. Но останува нејасно и кој одлучил затвореничката да не ја прими најважната терапија за лекување на тешката болест.
Трајкова исто така е нејасно и како самоволно заминала од болница и дали за тоа некој е одговорен. Отфрлена од семејството живеела во Гостивар и не е јасно дали се видела со ќерката која живее со таткото. Трајкова била отфрлена од смејеството но ќерката никогаш не ја заборавила и во најтешките агонии во затворската ќелија и покрај лошата психичка и физичка здраствена состојба Ката Трајкова зборувала само за ќерката.

#фотографија позајмена од интернет

Total
0
Shares
Поврзани објави