Починал на Инфективна, го погребале, па им вратиле туѓа здравствена книшка

Синот на починатиот Зоран Трендафиловски вели дека не им била дадена можност да го видат телото пред да го погребаат. Здравствената книшка која ја добиле е на друг починат пациент, но роднините на тој пациент тврделе дека го виделе телото „преку прозор“. Кај нив не стигнала никаква книшка

Кумановец починал на Инфективната клиника во Скопје, а посмртно на семејството им биле вратени туѓи здравствени документи.

Синот на починатиот Зоран Трендафиловски вели дека кога отишол да ги земе неговите лични предмети, добиле здравствена книшка од друг пациент кој починал на Инфективната клиника.

Во изјава за „360 степени“ Филип Трендафиловски вели дека ова било „капак“ на целата голгота што ја проживеале од моментот кога татко му се разболел се до неговата смрт.

„Нѐ вознемири до толку што се прашувавме дали навистина го закопавме татко ми, бидејќи не го видовме телото поради протоколите. Контактирав со другото семејство. Ми рекоа дека ним им било дозволено да го видат телото преку прозор. Нивната книшка ја добивме ние, а тие велат не добиле никаква“,

вели Трендафиловски.

Тој посочува дека овој пропуст само го зголемил неговиот сомнеж за тоа дали татко му бил лекуван како што треба.

„360 степени“ контактираше и со другото семејство, кое сака да остане анонимно, за, како што велат, да не ја зголемуваат болката од загубата. Потврдија дека имало грешка, но не се сомневаат во болничкиот третман.

сторијата продолжува на 360stepeni.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави