Починала жената од Дебар која беше на респиратор, хоспитализиран е и нејзиниот сопруг

Починала жената заболена од коронавирус која на 7 март годинава од Дебар беше трансферирана на Инфективната клиника, дознава Фактор. Хоспитализиран е и нејзиниот сопруг.

Сопружниците беа дијагностицирани како позитивни на 6 март. Тие на 27 февруари во нашата земја пристигнале од Бреша, Северна Италија.

Првично беа стабилни, но на жената и се влоши здравствена состојба и беше поставена на респиратор. Таа е всушност третата жртва од коронавирус во Македонија.

Жената имаше 62 години.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата, вкупниот број заболени изнесува 177 лица.

Total
0
Shares
Поврзани објави