Починати 9 , 176 нови слчаи на ковид 19

Во последните 24 часа регистрирани се 176 нови случаи на ковид-19 во земјава. Оздравени се 80 пациенти, а починаа девет лица, информира денеска Министерството за здравство.

Спроведени се 870 тестирања, а од новодијагностицираните најмногу се регистрирани во Скопје – 61, Куманово-8, Дебар-1, Штип-14, Прилеп-5, Тетово-22, Струга-19, Велес-5, Битола-3, Охрид-14, Гостивар-7, Струмица-1, Кочани-2, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Пехчево-1, Кичево-6, Ресен-5.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 80 оздравени пациенти од: Скопје-5, Куманово-1, Штип-18, Тетово-30, Битола-2, Гостивар-8, Гевгелија-1, Струмица-1, Кочани-8, Берово-1, Валандово-2, Кичево-1, Ресен-2.

Починати се девет лица, седум пациенти од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Струга.

Како што информира Министерството за здравство, во ГОБ „8 септември” починати се седум лица од Скопје, двајца пациенти на возраст од 62 години, останатите на возраст 56, 59, 74, 88 и 73 години.

Во КБ Тетово е починат еден пациент на возраст од 79 години. Во денешната статистика е евидентиран и пациент од Струга починат во „Филип Втори” (Жан Митрев) на возраст од 84 години.

Total
0
Shares
Поврзани објави