Почнува судењето за свирепо претепаниот и убиен комита Саздо

Обвинение за убиството за Никола Саздо нанвичан од групата Комити е комплетирано за Бесир Б. и Скендер Р. кои се во притвор. Во него пишува дека заеднички и на свиреп начин го убиле Саздовски.
Убиството се случи на 29 јуни на автобуска постојка во Автокоманда. По десетина дена тој почина на КАРИЛ. Тој беше брутално истепан по главата и градите, а напаѓачите не сопреле со тепањето ни во моментот кога паднал на земја и изгубил свест.

Против третото осомничениот Јетон Љужа, за кое обвинителството исто така водеше истражна постапка за истото кривично дело како соизвршител заедно со двајцата сега обвинети, е прекината истражната постапка.

„Со оглед на тоа што трето осомничениот се уште е недостапен на државните органи, за ова лице за кое е распишана домашна и меѓународна потерница, истражната постапка ќе продолжи во моментот кога ќе биде достапно на државните органи“, изјавија од Обвинителството.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Русковска – Во тек е спогодба со Мијалков за „Империја“, три години затвор и 30 милиони евра вреден имот да се заплени 6 милиони да уплати на државата

Главната обвинителка на Обвинителството за спречување организиран криминал и корупција, Вилма Русковска изјава дека во тек е спогодбата…