Поделби во владата за укинување на ПЦР тестовите

Комисијата за заразни болести пред два дена препорача укинување на на ПЦР тестот меѓу земјите од регионот, но во владата нема единство да се поддржи ваквата мерка.

Телевизијата ТВ21 тврди дека од доверливи извори во Влада дознава дека на последната седница на владата се развила остра дебата околу укинувањето ПЦР тестот со соседните држави како Косово, Албанија, Србија, Бугарија и Грција.

Телевизијата дознава дека премиерот Зоран Заев е ЗА укинување на тестовите, став што го поддржуваат и министрите на ДУИ, но двајца министри на СДСМ се против со аргументи дека се врши притисок врз епидемиолозите и дека треба да се анализира добро одлуката пред да се укинуваа ПЦР тестот.

Од друга страна и земјите од регионот не се на еден глас за укинување на ПЦР тестовите за преминување на границите. Досега за укинување се изјасниле Косово, Црна Гора и Албанија, а Србија и Бугарија уште се мислат.

Total
0
Shares
Поврзани објави