Поглаварот на ИВЗ заразен од Ковид-19

Поглаварот на Исламската верска заедница, Шаќир ефенди Фетаи, на својот фејсбук-профил објави дека е позитивен на ковид-19.

„Грижејќи се за моето семејство, моите соработници, како и сите верници и граѓани, решив да направам тест за ковид-19. За жал, тој излезе позитивен. Во моментов сè е нормално и нема никакви проблеми ниту симптоми. Јас се придржувам кон прецизните медицински препораки и сум во домашна изолација. Таква е одлуката на Алах. Апелирам до сите граѓани да бидат внимателни и да се придржуваат кон препораките на надлежните органи“, вели Фетаи во својата порака на Фејсбук.

Инаку, ИВЗ вчера соопшти дека поради коронавирусот нема да се одржи традиционалната манифестација по повод Курбан бајрам и ги повика верниците да бидат максимално внимателни и да ги почитуваат препораките на здравствените работници.

Total
0
Shares
Поврзани објави