Попладнево се удави момче во велешко езеро “Младост”

Момче на возраст од 28 години се удави попладнево во водите на велешкото езеро „Младост. Несреќата се случи околу 16 часот, кога момчето кое било од Скопје, заедно со неговиот татко и уште неколкумина други луѓе се капеле во езерото, во близина на бродот „Панини“.

Во еден момент, момчето потонало, но другите не забележале веднаш дека го нема. По извесно време почнале да го бараат, повикале и полиција, која пак, ја алармирала противпожарната единица до Велес.

Пожарникарите го пронајдоа телото нешто пред 17 часот. Лекар од велешката брза помош констатираше смрт. На местото е присутен и јавен обвинител, кој треба да одлучи дали ќе издаде наредба за обдукција на телото на удавеното момче.

batali.net

Total
0
Shares
Поврзани објави