Полицаец со колено в глава згмечува граѓанин на асфалт

Нови снимки од брутално и насилничко однесување на полицајци врз граѓаните се појавија во социјалните мрежи.

Снимката е стара една недела во Ченто, каде се гледа како полицски службеници удираат граѓани со клоци, им се обаќаат со пцовки и погрдни зборови. Исто така, по неколкумина полицајци ги пригмечуваат луѓето на каросеријата од полициското возило.

Во друго видео од истиот настан, се гледа граѓанин легнат на земја, со двајца полицајци врз него, од кои едниот со коленото му ја притиска главата на асфалтот, во постапка што многу потсетува на инцидентот во САД кога животот го загуби Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој предизвика масовни реакции и протести против полициската бруталност во целиот свет.

Инаку, инцидентот се случил во доцните часови на 24 септември на улицата „Методија Андонов Ченто“ во Скопје.

Тогаш полицијата информираше дека на крстосница од оваа улица имало сообраќајна незгода помеѓу автомобил „фолксваген голф“, управуван од А.Р.(43) од Скопје и мотоцикл „јамаха“, управуван од Д.Г. (20) од с.Инџиково, скопско, по што Д.Г. и сопатникот на мотоциклот Д.Т. (19) биле пренесени во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“.

На сопатникот на моторот му биле констатирани тешки телесни повреди, додека возачот Д.Г. имал телесни повреди.

Според полицискиот билтен, два и пол часа подоцна, возачот на моторот, татко му и брат му се вратиле на местото на несреќата и се однесувале агресивно кон полицајците коишто го обезбедувале местото на несреќата.

-На 25.09.2020 околу 00.30 часот, додека полициски службеници го обезбедувале местото на незгодата, дошол Т.Г.(44), чиј син учествувал во незгодата и се однесувал агресивно кон полициските службеници, а неговите синови Д.Г. и К.Г.(22) физички ги нападнале. Сите лица инволвирани во нарушувањето се приведени во Полициска станица Гази Баба. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци – беше објавено во билтенот на МВР.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

(ВИДЕО) Кавга меѓу владици на МПЦ- ОА, за Петар во Бигорски има парацрква, Партениј обвинува дека тој шири омраза и поттикнува на линч

Владиката Петар предизвика жестока реакција од Братството на Бигорскиот манастир откако во своето синоќешно гостување на ТВ Сонце…