Полицаецот кој загина го обезбедувал местото со сигнализација

Полицаецот што го прежива вчерашниот страотен удар е со тешка повреда на лактот, додека неговиот колега вчера почина откако во нив удри автомобил на патот Тетово-Гостивар додека го обезбедувале местото на сообраќајната незгода. Колегата бил удрен од две возила а обвинителството се уште истражува како се сличила трагедијата.

Повредениот полициски службеник за Телма вели дека теренот го обезбедувале четворица полицајци во вечерните часови. Обезбедувале сообраќајна лента во која се случи тешок судар на возила и во кој имаше три тешко повредени жени.

Тој тврди дека автомобилите со сигнализација биле усмерувани на бавната коловозна лента и не му е јасно како дошло до инцидентот откако Р.Ш. (31) од село Грашница-Кичево кој го управувал возилото „форд фокус“ со кичевски таблички удрил во нив и потоа бил лишен од слобода.

Total
0
Shares
Поврзани објави