Полицаецот во Вејце ги застрелал соселаните играјќи столен фудбал

Како што доцна синоќа Досие објави во тетовското село Вејце се случи инцидент кога полицаец застрела две лица негови соселани. Обвинителството настанот го потврди и ги соопшти следниве детали:

Настанот се случил на 11 март во 23 часот во флиперница во с. Вејце, кога осомничениот заедно со двајца пријатели – сега оштетени играл столен фудбал. При тоа, осомничениот го извадил пиштолот од појасот за да не му падне и сакал да го префрли на другата страна. Во тој момент бил испукан еден куршум во правец кон двајцата оштетени.  Со куршумот  бил погоден еден од оштетените во вратот,  а  потоа и лицето кое стоело зад него во пределот на градниот кош.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против осомниченото лице поради основано сомнение дека сторил две кривични дела  и тоа – Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 3  во врска со член 288 став 4 во врска со став 1 и Предизвикување општа опасност од член 288 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Истовремено по предлог на надлежниот обвините, Основниот суд Тетово на осомниченото лице му изрече мерка притвор во времетраење од 8 дена.

Total
0
Shares
Поврзани објави