Полицајците со камера на рамо ќе ги ловат прекршоците на несовесните возачи

Откако полицискиот службеник му укажува на возачот дека комуникацијата се снима, продолжува со контролните активности, односно проверка на возачка и сообраќајна дозвола. Камерата која е поставена неговто рамо, може да снима непрекинато 72 часа, а материјалите можат да бидат употребени како доказ во понатамошните постапки.

Возачите кои денес дознаа за оваа новина на сообраќајната полицијата велат дека е позитивна, бидејќи ќе има доказ за сите прекршоци.

Досега во земјава вакви камери имаше само мобилна единица за сообраќај во Скопје, чие искуство покажало дека се намалени злоупотребите и неоснованите претставки.

Total
0
Shares
Поврзани објави