Полицијата без пардон против сообраќајните прекршители

Сообраќајната полиција од понеделник ќе биде целосно активна против сообраќајните прекршители, најавува министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Експертите за безбедност во сообраќајот велат дека со аудио-визуелното снимање помеѓу полицајците и возачите се избегнува можноста за корупција и поништување на казните за прекршителите.

Идејата за електронскиот систем за надзор на безбедноста во сообраќајот потекнува од Борис Мургоски, кој вели дека документирањето на прекршоците од видот  “safe city” и “body cam” ќе биде повеќе од ефикасно.

Паралелно со овој оперативен план, се разгледуваат можностите за вклучување на патните камери за да се казнат сообраќајните прекршатели. Но, моделот на западните земји  да се испрати казна на адресата на живеење треба да се усогласи со подзаконските акти, велат од МВР.

 „Пред активирање на безбедносните камери на патиштата и сите други мерки, треба да се отвори јавна расправа и да се разгледа со експерти во случај на можни измени во законските одредби“,  велат од Министерство за внатрешни работи.

Меѓу 200-те предложени закони од претходната Влада кои останаа неусвоени во Собранието е и Законот за безбедност на сообраќајот. Според овој  предлог закон  предвидени се построги мерки за казни за сериозни сообраќајни прекршоци, па дури и кривични дела за нарушување на безбедноста на учесниците во сообраќајот.

Total
0
Shares
Поврзани објави