Полицијата го пронашол возачот што ќе ја прегазел судијката Дамјановска

Возачот што пред три дена на пешачки премин пред Трговскиот цнтар Рамстор за малку не је прегази судијката Наташа Габер Дамјановска, е пронајден од политицијата.

Судјката Габер денеска се заблагодари и ја пофали полицијата што брзо го пронашол несовесниот возач, кој сериозно ја загрозувал безбедноста во сообраќајот.

„Мојот јавен апел како граѓанин на оваа држава, со најдобра намера и за доброто на сите нас, цели кон заложба за јакнење на превенвијата на вакви состојби и кон построга и пефикасна казнена политика во сообраќајот против крајно неодговорно однесување на некои учесници во сообраќајот. Постојат бројни соодветни искуства во постарите демократии кои можат да се примат и состојбата да се подобри“, пишува судијката Дамјановска.

Таа се залага за постри казни за сторителите, посебно кога ги загрозуваат животите на другите, дела кои сега се третираат само како пшрекршоци.

„Време е за позитивни промени и воведување ред, со тоа се постигнува и владеењето на правото“, напиша Дамјановска.  

Total
0
Shares
Поврзани објави