Полицијата спречила семејна веселба во Гостиварско

Седумдесет гости се собрале синоќа во угостителски објект на семејна веселба во селото Здуње, Гостиварско и покрај забраните за групирање поради состојбата со коронавирусот.

Од МВР информираат дека полицијата излегла на лице место, а повикани биле и инспектори од Државен пазарен инспекторат и бил извршен увид.

По целосно документирање на случајот, против сопственикот на објектот, Џ.Б. ќе биде поднесена пријава за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Total
0
Shares
Поврзани објави