Полицијата трага по Усеини откако судот му одреди притвор

Полицијата трага по советникот во Општина Охрид, Нефи Усеини и неговиот брат откако судот денеска им одреди притвор од 8 дена за кривично дело насилство.

Кривична пријава против браќата Усеини беше поднесена вчера за инцидентот што се случил пред хотел во Охрид, кога го нападнаа Спиро Топаловски.

Топаловски обвини дека Нефи Усеини заедно со уште неколку лица го нападнал и претепал пред хотел во близина на градот.

Според Топаловски, Усени го повикал да дојде на средба, а потоа извадил пиштол пред очите на неговиот малолетен син. Тогаш и бил нападнат од братот на Усеини и уште две лица кои биле во негова придружба. По нападот тој побарал лекарска помош. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави