Полицијата влезе во трага на тајниот инвестор кај Мавровка

МВР поднесе пријава до ОЈО за спорната дивоградба кај „Мавровка.“, известува Канал 5.  Од полицијата информираат дека истрагата покажала оти постојат сомнежи за кривично дело. Соопштија дека поднесле соодветен акт за бесправно градење, но без да прецизираат за каков акт станува збор и што точно утврдиле.

„По исрцпување на сите истражни мерки и активности во насока на откривање и документирање на кривично – правниот настан, денеска 07.08.2020 (петок), од страна на СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал до Основното јавно обвинителство Скопје беше поднесен соодветен акт од сите досега преземени мерки и активности во врска со кривично-правниот настан „бесправно градење“, кој што се однесува на членот 244-а од Кривичниот законик.“, стои во соопштението на МВР.

Од полицијата додаваат дека ќе ја продолжат истрагата кој нелегално почнал да гради кај „Мавровка“, но очигледно идентитетот на инвеститорот останува мистерија.

Во меѓувреме, откако првиот пат не се пријави никој, општина Чаир по втор пат преку тендер бара фирма која ќе ја урне дивоградбата што никна на местото на кафулето „Фонтана“, без никаква дозвола. Засега нема информации дали некоја фирма се пријавила на новиот тендер, а по притисокот од јавноста од Општина Чаир се децидни дека сепак ќе се најде начин да се урне дивоградбата. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави