Полициски час во половина Македонија, забрана за гробишта за Задушница

Владата повторно воведува засилени рестрикции за претстојниот продолжен викенд, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Тој на денешната прес конференција соопшти дека се воведува целосна забрана на движење од утре од 21 часот до понеделник до 5 часот наутро за сите општини во Скопје, за Општина Куманово, Општина Липково, Општина Штип, Општина Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце.

Во сите останати градови, полицискиот час ќе трае од четврток од 21 часот до петок до 5 часот наутро. Останатите денови полицискиот час ќе започнува од 16 часот и да трае до следниот ден до 5 часот наутро.

Комисијата за заразни болести правеше анализа и ги следеше трендовите на новозаболени, имаме неколку локации каде имаме брзо ширење на болести кои се резултат на непочитување на мерките што се главните причини за заболени во СКопје, КУмановско-липковскиот регион, Тетовскио, Штип и околината. ДОбро е што во останаите делови е добра ситуацијата. Добро е што во другите делови од земјата состојбата е стабилна. Заради спречување на дополнително ширење на вирусот во критичните региони и надвор од нив, Владата донесе одлука за враќање на полицискиот час, порача министерот.

Total
0
Shares
Поврзани објави